|
Семејна федерација за светски мир и обединување 7 принципи за развој на љубовта |
|||
TTF Kirilica | ||||
Седми принцип - Апсолутен секс и чиста љубов за вистинска култураДенес не учат да се сомневаме во се, вклучувајќи ја и традиционалната мудрост дека сексуалноста е најбезбедна и најубава во верен брак. Но сега, сепак, станува очевидно дека злоупотребата на љубов носи сериозни последици. Сексуални односи со повеќе партнери носат висок ризик на сексуално преносливи болести вклучувајќи ја и сидата. Но последиците за духот се уште полоши. |
|
Кратките задоволства на неверност или незрели тинејџерски афери немаат никаква врска со љубов. Невиноста пред бракот и верноста во бракот се најубави традиции кои можеме да ги пренесеме на нашите деца. Вистинска љубов значи да се прават работи кои им помагаат на луѓето за кои се грижите. Спротивно на тоа, прељубата го уништува семејството. Секој член страда, и сето тоа бидејќи не сте научиле да го совладате моментниот порив. Сетете се и на уништените животи на некои угледни личности чии што прељуби биле откриени. Сексуалниот промискуитет уништува дури и нации: Римското царство е само еден пример. Недостаток на здрав разум или само-дисциплина може да одведе во трагедија. Развивањето на добар карактер бара учење и пракса. Но наградата е неизмерна. Ќе имате длабоко чувство за себе-почитување и гордост. Оние околу вас ќе ве ценат и за добро ќе ви возвраќаат со добро, множејќи ја вашата добрина. Најважно, ќе бидете способни да му донесете радост на Бога. Ќе живеете во среќа и исполнетост. |
|
Седум принципи на вистинска љубов |
|
Влез / Факти
/ Идеи / Вести
/ Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian (c) СФСМО Македонија |