SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

7 принципи за развој на љубовта

  TTF Kirilica
 

Секој, без исклучок, сака да биде среќен. Луѓето се чувствуваат среќни кога нивните желби се исполнети. Сепак, желбите кои резултираат во неправда или болка не потекнуваат од нашиот оригинален ум. Оној кој задоволува вакви штетни желби никогаш не чувствува трајна радост без грижа на совеста.

Нашиот оригинален ум се противи на злите желби кои резултираат во неправда и секогаш тежнее да ги задоволи само добрите желби кои водат кон вистинска среќа. Сепак, од почетокот на времето, луѓето не успевале стриктно да ги следат добрите желби на оригиналниот ум.

 

Овие седум принципи за среќа и исполнување се засновани на здрав разум и јасно разбирање на димензиите на љубовта. Не мора да ги исполните сите седум чекори со цел да почуствувате добробит, иако секој чекор води кон следниот. Оваа брошура, заснована врз Семејната заклетва, ќе ви даде знаење, кое доколку се примени ќе го подобри вашиот живот.

 
   

Прв принцип - Посветете се на семејството и родното место

Семејството треба да биде место каде сите се одлучуваат да практикуваат вистинска љубов. Семејниот живот е основа за нашата благосостојба. Љубовта помеѓу сопругот и сопругата е основа за среќа во животот. Студиите покажуваат дека дури и сексуалното задоволство е поголемо во бракот отколку во предбрачни или вонбрачни афери.

Семејство во кое постои љубов помеѓу таткото и мајката, создава најјака безбедност за децата. Студиите истотака покажуваат дека повеќето криминалци доаѓаат од нефункционални, разделени семејства. Кога семејствата се здрави, стапката на криминалот, наркоманијата, несаканата бременост, абортусите и неврозите природно опаѓаат. Сите во општеството добиваат со тоа.

Нашиот дом е истотака дел од нашето семејство, претставувајќи го лицето на семејството кон светот. Треба да се грижиме со љубов кон материјалните нешта, животните, билките и земјата.

Значи, не само поединците туку семејството во целина треба да се посвети кон нашето родно место - реалната околина со која секојдневно се среќаваме и луѓето на кои сме им потребни и на чии животи влијаеме.

Втор принцип - Живот за поголема целина

Вовед / Прв / Втор / Трет / Четврт / Петти / Шести / Седми

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња