|
Семејна федерација за светски мир и обединување 7 принципи за развој на љубовта |
|||
TTF Kirilica | ||||
Четврт принцип - Посветете го вашето семејство на целото човештвоСреќата што ја чувствувате дома завршува на влезот на вашата куќа ако општеството е во неред. Невини деца се погодени од залутани куршуми за време на оружени пресметки на уличните банди. Каде и да одите, во опасност сте да станете жртва на злочин. Вашата радост завршува каде што почнуваат проблемите на општеството. Затоа, вашето залагање за мир и безбедност на опшетството ви користи вам и на вашето семејство. |
|
Некогаш може по грешка да пресудите неправилно. Во тој случај, зар нема да се обидете да надокнадите за неправедноста? Ова му помага на детето кон кое сте погрешиле да ја надмине својата огорченост и да практикува простување. Му помага на родителот да биде пострплив и мудар. Во општеството, мораме да тежнееме да одржиме моралност, човечност и правда со исто родителско срце. Целото човештво е едно големо семејство. Кон сите луѓе треба да се однесуваме како да се наши браќа и сестри, родители и деца, баби и дедовци. Така можеме да оствариме свет на слобода, мир, единство и среќа. |
|
Петти принцип -Трудете се да го поставите духовното над физичкото |
|
Влез / Факти
/ Идеи / Вести
/ Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian (c) СФСМО Македонија |