SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

7 принципи за развој на љубовта

  TTF Kirilica
 

Втор принцип - Живот за поголема целина

Овој принцип се учи во семејството, уште од детството. Кога сте ги послушале вашите родители да споделите она што имате со вашите браќа и сестри, сте сфатиле дека постојат и други луѓе освен вас.

Додека сте споделувале, сте ја чувствувале радоста на одобрување од вашите родители, ценењето на оној со кого сте споделиле, и задоволството на мирна совест.

 

Послушноста кон родителите е подготовка за хармонија во општеството. Преку семејството, учиме да ги сакаме постарите - дедото и бабата, тетките, вујковците,... Општеството станува продолжеток на семејството. Оваа способност да се сакаат сите луѓе, развиена преку пубертетот и подоцна, носи мир на вас и на вашата околина.

Иако сте добивале награди и пофалби како дете, сега сте подготвени за повисоки нивоа на служба кон другите каде наградите не се толку видливи. Како што растете, здобивате способност да се посветите за поголеми цели: идеали на добрина, вистина и убавина, во општеството, нацијата, светот и космосот, дури и ако тоа бара одредени жртви. Ова кулминира во живот полн со значење, вера и надеж.

 
   

Трет принцип - Научете вистинска љубов во семејството

Вовед / Прв / Втор / Трет / Четврт / Петти / Шести / Седми

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња