SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

Мојот свет и јас

  TTF Kirilica
 

3. Јас во група

Сите ние, сме свесни дека секојдневието од нашиот живот постојано го минуваме во некоја група на луѓе - со нашите врсници, со родителите, со возрасните, со познати и непознати, со пријатни и непријатни луѓе.

Семејството, училиштето, клубот, дворот, улицата и уште многу други места каде што го минуваме нашето време, пред се значат места на кои комуницираме со луѓето и оформуваме некакви врски и односи. Со други зборови, ние константно се пронаоѓаме себе си во некоја група и, поголемиот дел од нашето време, ние сме постојан или привремен член на повеќе групи.

 

Добри страни

Се разбира дека понекогаш ние имаме потреба и да се осамиме, имаме желба да поминеме, барем извесно време, самите со себе, но ова претставува, многу повеќе, исклучок отколку правило - ние, просто кажано, не можеме да живееме без другите луѓе.

Затоа овде ќе се потрудиме да ја разгледаме појавата наречена група. Од самото постоење на луѓето, тие биле живо заинтересирани за групата и животот во неа, но дури во 20 век, а особено во последните неколку децении, групата постана предмет на научното истражување. Денес интересот на научниците е насочен кон голем број на прашања:

  • Колку видови на групи постојат и каква е разликата помеѓу нив?
  • Како се создаваат групите?
  • Што е тоа што ги мотивира луѓето да се здружуваат?
  • На кој начин комуницираат луѓето во групата?
  • На кој начин групата го менува однесувањето на своите членови?
  • На кој начин соработуваат групите помеѓу себе?

Но, да разјасниме дека ние овде говориме за мали групи, одн., за групи во кои членовите можат континуирано да се среќаваат, да комуницираат и соработуваат. Најмалиот број на членови кои можат да оформат една своја група се две личности - партнерите во играта шах, момчето и девојката во својата љубовна врска..., а висината на бројот на членови во една група зависи од дадените околности. Големите групи функционираат на прилично различен начин и се засновани врз апстрахирани, заеднички карактеристики на луѓето, како на пр., луѓе од иста нација, група на пензионери, група на младинци, на жени, поклоноци на одредени религиозни убедувања, луѓе од иста раса...

Значи, секој од нас припаѓа во неколку мали групи. Што значи ова за нас?

  1. Во групата ние комуницираме, разменуваме информации, мисли, идеи, се издигнуваме духовно, чувствуваме подршка и пријателство.
  2. Во групата нашата личност може да дојде до потполн израз, групата не почитува, цени и охрабрува, можеме да се пофалиме за она што го имаме или за она што сме го постигнале.
  3. Групата не штити од надворешен притисок, во неа се чувствуваме безбедно, чувствуваме блискост со останатите членови.
  4. Кога сме во група многу е полесно да бидеме сигурни во своето однесување, доколку и другите членови се однесуваат на сличен начин или барем го одобруваат нашето однесување.

Ова се само неколку од позитивните аспекти кои ги поседува групата, но постојат и негативни.

 
   

Лоши страни

Пред повеќе од 40 години Американските научници екпериментално покажале дека една личност се однесува на поинаков начин во групата и надвор од неа. Овој феномен е наречен"притисок на групата". Експериментите се водени во"божемни" групи, истражувачот уредува со сите или со дел од членовите на групата да изјавуваат намерно погрешни искази. Личноста чие однесување се набљудува, не го знае тоа. Тогаш, на пр., ќе се прикаже еден осветлен екран и истражувачот вели:"Една црна точка ќе се појави на екранот. Кажете ми каде ја гледате?" Двајца или тројца членови на групата одговараат: "Точката е во горниот десен агол на екранот. Сега се движи кон центарот... Се движи надолу..."

Иако овој исказ е намерно лажен, личноста подложена на истражување, престанува да им верува на своите сопствени очи, а некои од испитаниците дури и ја "виделе" непостоечката точка на екранот. Извршени се голем број вакви експерименти и само неколку луѓе биле способни да го задржат своето мислење, да не се повинуваат на мислењето на групата. Само 25 - 30 % од популацијата ја сочинуваат оние луѓе кои успеваат да го задржат својот став, т.н., "не - сугестивни личности."

Но, ваков вид на експерименти не се навистина потребни. Многу често може да се забележи дека, кога се во група, луѓето многу често го менуваат своето однесување: тие се трудат да го привлечат вниманието на другите членови во групата и на оние кои не членуваат во неа, се фалат со "божемните" јунаштва и подвизи, ( и дури и самите веруваат во нив ), се прават луди и т.н. Во групата, некоја идеа може да предизвика појава и на дела кои се против општествениот поредок, да биде се извршен дури и злочин, иако, кога би бил сам, ниеден од членовите не би сторил таков прекршок.

Групата, и од други аспекти, може да врши негативно влијание врз индивидуата. На пример, во групата ние се чувствуваме зависни и потчинети - нашата самодоверба и самопочит во голема мера зависат од тоа колку не почитуваат останатите членови на групата и самата група. Понатаму, сакој член на групата реагира на информациите кои "кружат" во самата група, без разлика на нивната веродостојност. На овој начин гласовите се шират (било да се добри или лоши) и понекогаш се создава и развива едно заедничко мислење кое може и да се коси со општествените норми. Не е исклучена можноста во групите, особено во поголемите, одговорноста да се избегнува или да се намали - нејзините членови се надеваат дека некој друг ќе ги превземе неопходните иницијативи.

Од овие причини, за стекнување на вистинските вредности размислуваат само оние групи кои се оформени заради некои општествено значајни цели, тие извршуваат дела кои се од голема важност за другите луѓе и нивните членови живеат според правилото "Еден за сите и сите за еден". Целта која е од општествено значење е најбитната карактеристика на онаа група која навистина вреди, а ако групата е соединета заради некое анти - општествено однесување ( група на силеџии, група на крадци...) тогаш нејзиното соединување постанува негативен фактор и за членовите и за оние кои не членуваат во групата, но се заблудени со неа.

Да го посочиме и следното: врз нас може да изврши влијание само онаа група за која ние сметаме дека вреди, која ја сметаме за "наша", група чии членови ни се драги или претставуваат некаков авторитет за нас. Таквите луѓе обично се наречени "значајни луѓе". Без оглед на тоа дали тие "значајни луѓе" ќе ни помогнат или нема да ја добиеме очекуваната помош, дали тие ќе ја оправдаат или нема да ја оправдаат нашата доверба, сето ова врши значително влијание врз нас, создава кај нас самопочит или страдање заради нашата неповолна ситуација.

Заради тоа возрасните (родителите, наставниците ) сакаат децата да се дружат со пријатели кои ќе им служат за пример и се трудат да ги отргнат децата од "лоши влијанија". Но, родителите не се секогаш во состојба да разберат дека тие "значајни луѓе" не се избрани по некоја директива, тука изборот зависи, пред се , од личноста и карактерот на еден човек.

Понекогаш постои т.н. "зачаран круг": секој од нас избира пријатели, кои не прифаќаат такви какви што сме и на тој начин групата ни помага да ја развиеме нашата самодоверба. Но, доколку развитокот на самодовербата завземе погрешна насока, многу е тешко таа да се исправи, бидејќи "значајните луѓе" овде не можат да помогнат. Ова претставува еден од најкомплицираните и најкомплексни проблеми во развитокот на младата личност.

Затоа, би било добро да се потсетиме на ова кога разговараме за различни проблеми во комуникацијата - со нашите родители, пријатели, наставници. Непобитен факт е дека комуникацијата, животот во група, игра една од најбитните улоги во нашиот живот и има значајно влијание врз нашиот развиток. А најмногу од се´ , ние сме заинтересирани за нашата иднина - какви луѓе ќе постанат од нас и како ќе се развиваат нашите пријателства со луѓето, вклучувајќи ги тука и нашите најблиски.

За размислување

  • Дали е битно една личност да има веќе изграден систем на вредности пред да постане член на некоја група?
  • На кој начин може една група да изврши лошо влијание врз некоја личност ако таа личност сеуште нема одлучено кое дело е добро а кое зло?
  • На кој начин може една група позитивно да влијае врз личност?
  • Можеш ли да замислиш било каква ситуација во која една личност, сигурна во својот систем на вредности, би можела да биде наговорена од групата да стори некое лошо дело?

За твојот дневник

Замисли дека можеш да креираш, било каков, тип на група. Ти си лидерот и оснивачот на твојата група. Каков тип на група ти би оформил? Со што би се занимавале членовите на твојата група ? На кој начин твојата група би извршила влијание врз другите луѓе (луѓе кои не се членуваат во твојата група)?

Вовед / Добри страни / Лоши страни / Размисли
За твојот дневник

1. дел: Љубов / 2. дел: Соседи

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња