|
Семејна федерација за светски мир и обединување Мојот свет и јас |
|||
TTF Kirilica | ||||
Мојот свет и јас го создадоа професионални едукатори од Исток и Запад (Mira Stanecki Kozwoski, William Haines, Bronislav Bitanas, Anya Brzyska) врз основа на теоријата за образование на Обединувачката мисла. Овие материјали се дел од учебникот "Патот до љубовта" што се користи во средните училишта во некои земји на некогашниот Советски Сојуз. Преведовме само еден дел. Постојат и материјали за наставниците - како да ги држат овие предавања и сл. |
Моќта на љубовтаПитирим Сорокин, оснивачот на Школата за алтруистичка љубов на Универзитетот во Харвард, е убеден дека луѓето би требало да бидат запознати со патиштата и со моќта на љубовта. Сорокин смета дека постојат најмалку пет аспекти или димензии со кои може да се окарактеризира способноста да се љуби. Првата димензија е интензитетот. Многу пати среќаваме луѓе кои само проповедаат за љубовта, а не ја практикуваат, тогаш велиме дека интензитетот на нивната љубов е еднаков на нула. Понекогаш некој ќе му подари неколку парички на питачот покрај кој што минува, или пак ќе го отстапи своето место во автобусот, и тогаш можеме да кажеме дека тој човек поседува низок интензитет на љубов. Но, највисокиот интензитет на љубовта се рефлектира во нашата решителност и подготвеност, заради љубовта, да го жртвуваме и она што ни е најдрагоцено ва нашиот живот, а највозвишен пример е љубовта која е подготвена дури и да умре заради добробит на другите луѓе. Постојат повеќе познати примери кога некој војник, здогледувајќи го својот ранет соборец, се затрчува кон непријателскиот оган за да го спаси другарот. Сепак, неколку часа подоцна, истиот тој војник, можеби повторно ќе биде само еден сосема обичен човек. Тој може воопшто и да не биде пријателски настроен кон ранетиот кого го спасил. Можеби ќе се запрашате што се случило? Љубовта на војникот била од многу краток век на траење, втора димензија. Повеќето од нас не сакаат да примаат или да даваат љубов која трае само неколку дена или една година, ние сакаме љубовта да трае засекогаш. Причината за ваквата наша желба лежи во вечноста, одн., во бесмртноста на вистинската љубов. Друга димензија на љубовта е проширување или делокруг на љубовта. Постојат луѓе кои се сакаат само себе си или пак ги сакаат само своите семејства. Колку е широка твојата љубов? Дали нашата љубов ги преминува границите помеѓу расите, националностите и религиите? Колкав е бројот на оние луѓе кои сме ги сакале доволно за тие да можат да осетат разлика во туѓата љубов? Или пак поинаку да се запрашаме, со она старо прашање: "Колку луѓе ќе плачат на твојот погреб?" Четвртиот аспект е чистотата одн., невиноста на љубовта. Тоа значи дека кога сакаме некоја личност, ние ја сакаме заради самата неа, а не заради тоа што го извршува или заради она што го поседува. Оној момент кога ние ќе станеме свесни дека некој ни дава привидна љубов, базирана на некакви скриени, задни намери, ние многу брзо ќе се почувствуваме искористени и деградирани. Петтата димензија е адекватноста, вистинската мера, што ја претставува врската помеѓу целите на љубовта и стварните резултати. Еден човек може вистински и најискрено, многу да ја сака својата жена, но резултатите од неговата љубов сепак да бидат штетни и повредливи. Сите ние многу добро знаеме дека постојат галени деца, кои биле разгалени со љубов без дисциплина. Понекогаш љубовта треба да биде поучна за да биде добра и позитивно да не насочува. Неадекватната љубов не е мудра, таа е слепа и неука, покажува погрешен, неправилен избор на приоритети и несоодветно однесување. Вистинската љубов секогаш пронаоѓа и избира соодветно однесување за секоја ситуација. Условна љубовОд сите најразлични форми на изразување на љубов, највисока и најзрела форма е давање на љубов при кое не се очекува возвраќање на истата. Тоа е несебичен, незаменлив и непроменлив израз на давање љубов. Иако секој од нас копнее да биде сакан, сепак, зрелата личност продолжува да сака дури и тогаш кога љубовта не и е возвратена. Оваа љубов е безусловна љубов, љубов која не поставува ниту услови ниту граници, љубов која ја пружа родителот кон своето дете. Оној родител кој му дава безусловна љубов на своето дете во ниеден момент не ја мери количината на дадената љубов и не одлучува дека веќе треба да престане, дека доволно пружил, затоа што бунарот на безусловната љубов, е бунар без дно. Еден од најстарите и најдлабоки копнежи, по кој тежнеат сите човечки суштества, е копнежот за безусловна љубов. Но, како и да е, со текот на нашето растење и созревање, животот не доведува до ситуации при кои ние ја искусуваме и т.н. условна љубов. Условната љубов, односно љубовта која е водена од некои принципи или очекувања, ја предизвикува и мотивира личноста да созрее и да посегне кон ѕвездите, да успее. На пример, еден родител може да биде горд или да биде разочаран од успехот на своето дете, па во таа смисла родителската љубов го мотивира детето да ја заслужи љубовта која ја прима. Тогаш условната љубов, која ја пружа родителот, го охрабрува детето да стане независно, самодисциплинирано и одговорно за своите постапки. Мислата дека, со некоја наша постапка, сме придонеле за среќата на нашиот родител, во многу го разубавува нашиот живот, ја воздигнува нашата само-почит и ни помага да почувствуваме дека сме придонеле нешто, од посебна важност, за него. Но, постои голема разлика помеѓу условната и безусловната љубов. Се разбира дека родителската љубов треба да биде трпелива, толерантна и безусловна, но и условната љубов игра многу голема улога во процесот на нашето созревање. Но, условната љубов може да биде дадена и на погрешен начин, па така може да предизвика повеќе штета отколку корист. "Заслужената" љубов може многу лесно да предизвика горко чувство кај нас, дека сме сакани, не заради својата личност, туку заради постапките со кои им угодуваме на другите луѓе. Кога љубовта е незрела и се грижи само за исполнување на своите желби и потреби, тогаш таа се користи за не контролира и искористува нас. Овој тип на условна љубов не деградира како личност и ни оневозможува да бидеме она што ние навистина сме, затоа што би морале да ги исполниме очекувањата и поставените услови на другите луѓе за ја стекнеме нивната љубов:
Но, многу често, ние сме условени и во нашата сопствена љубов со некои наши правила и принципи. Повеќето од нас, се борат против сопствената претпазливост и внатрешниот страв, кои не ни дозволуваат сосема слободно да ја покажеме нашата љубов. Дали смеам да си дозволам да бидам толку искрена? Дали постои можност да бидам повреден? Дали можам да му верувам на овој човек? Дали имаме заеднички желби и потреби со мојата девојка? Дали можам да живеам со него и покрај тоа што некои негови особини ме нервираат? Овие опомени не советуваат да бидеме претпазливи во нашата искреност кон другите луѓе, а воедно не принудуваат да поставиме услови во нашата отвореност и комуникација со другите. Но сепак, многу е тешко да се прикрие љубовта. Безусловна љубовБезусловната љубов ни дава чувство на мир, сигурност и среќа. Таа ни кажува дека сме сакани заради самите нас, а не заради нашите постапки. Неа нема потреба да ја заслужуваме или да ја здобиваме и таа не може да се контролира. Ние сме сакани заради нашата уникатност, а не заради тоа што исполнуваме нечии поставени услови. Но, ова не значи дека треба да престанеме да се менуваме, затоа што оваа љубов не мотивира во настојувањето да ја надградуваме нашата личност. Во атмосфера на безусловна љубов, ние сме слободни да и дозволиме на нашата личност да се развие без страв дека ќе ја изгубиме саканата личност. Безусловната љубов ни овозможува да ја јакнеме нашата самодоверба, да се сметаме за добра и позитивна личност, со што ја градиме нашата само-почит. Како може да се препознае оваа љубов? Оној момент кога ќе осознаеш дека, и било што да сториш и било какво да е твоето однесување, нема да ја уништи љубовта која ти ја дава саканата личност, ти ќе знаеш дека си сакан со безусловна љубов. И обратно, кога ќе осознаеш дека не постои ништо што би можело да ја прекине или уништи твојата љубов кон саканата личност - тогаш ти ќе сфатиш дека ти ја љубиш таа личност со безусловна љубов. Тогаш кога ќе си дозволиме да бидеме блиски, сосема искрени и интимни со една личност, ние ќе почувствуваме дека сме поврзани со неа до крајот на нашиот живот, без разлика на формата која ќе го обликува нашиот однос со неа. Но, дали тоа постои во нашата стварност? Лажна љубовСите ние сме свесни за патот по кој се достигнува безусловната љубов, но сепак реалноста, за повеќето луѓе, е далеку, далеку поинаква. Скоро секој осамен поединец копнее да ја постигне оваа идеална љубов, се труди да сака, но сепак се случува да биде повреден, измамен, изневерен и разочаран. Секоја година процентот на оние кои се одлучуваат да го прекинат својот брак е многу поголем отколку на оние парови кои се одлучуваат да стапат во брак. Зошто постои толку голем процент на неуспех во брачните односи? Луѓето се повеќе се одлучуваат на брак врз основа на сексуалните врски затоа што сметаат дека тие врски претставуваат реална и вистинска љубов, но доколку навистина постои искрена љубов, како може таа едноставно да исчезне? Изгледа дека постои многу голема разлика помеѓу вистинската љубов и она за кое ние само претпоставуваме дека е вистинска љубов. Сите ние многу лесно можеме да бидеме вовлечени во лажна љубов. Вистинската и лажната љубов имаат иста стартна, појдовна точка, за некое кратко време тие дури можат дури и да наликуваат една на друга. Но, правците на движење на овие два различни начина на љубов, резултираат во драматично различни ефекти. Вистинската љубов е безусловна, несебична и непроменлива, љубов која се пружа за добробит на саканата личност. Таа создава вистинска радост и среќа. Но, доколку се трудиме да се вложиме себе си во една погрешна, невистинита љубов, тоа ќе резултира лажна љубов, љубов која се движи околу себичноста на една личност и во исполнувањето на моменталните желби и потреби на таа личност. Според ова изгледа дека лажната, невистинската љубов е условена љубов, односно љубов која е наклонета на промени. Лажната љубов може и да изгледа несебична на самиот почеток, но сепак радоста и среќата нема да резултираат во една долга врска помеѓу две личности, затоа што лажната љубов има свои корени во неодлучните, егоцентрични чувства на "Јас сакам... Јас имам потреба од... Јас посакувам да..." Копнежите на егоцентричната, себична љубов никогаш нема сосема да ги задоволат нашите желби и копнежи, па според тоа задоволството од тие односи никогаш не се остварува. Никој од нас никогаш не посакува да оствари некаква лажна, невистинита љубов, но многу често ние се ловиме себе си како веќе се наоѓаме во мрежата на една таква љубов која без исклучок, секогаш не повредува и не разочарува. Болките и раните кои ги нанесува лажната љубов се повторуваат низ генерациите, но многу е тешко тие болки да се излечат. Во последно време доста голем број луѓе сметаат дека треба да се вратиме наназад и да ги истражиме идеалите на семејството кои треба да претставуваат школа на љубовта. Повеќето од нас првите две декади од својот живот, врз кои се заснива нашиот опстанок и развиток, им ги должиме на нашите родители. Ова докажува дека нашето семејство игра темелна улога во стекнувањето на нашите први, базични, и за понатамошниот живот многу битни, искуства. Нашето семејство не подучува како да оствариме контакти со другите луѓе, како да се однесуваме, ни ги дава првите темелни искуства за доброто и злото. Всушност, преку семејството, ние учиме на многу рана возраст. Повеќето психолози се согласуваат дека темелот на детската личност е оформен и изграден, веќе на возраст од само пет години. Нашето чувство за само - почит зависи од тоа дали сме сакани од нашето семејство и од начинот на кој ни е пружена љубовта од нашите родители. И најмалото детенце може да осети дали е сакано од своите родители или не. Семејната атмосфера, која изобилува со љубов и подршка, е најбитната средина која го оформува човечкото суштество во суштество од драгоцена вредност. Затоа, секоја личност навлегувајќи во светот на возрасните, секој пат се соочува со следните прашања:
ВежбиНаведи неколку различни примери на изразување љубов опишани во литературните дела, од твоето набљудување на животот околу тебе, од твоето сопствено искуство и тн. Во кои случаи дадената љубов била безусловна? Доврши ги следните примери и формулирај неколку свои реченици во кои се поставува некаков услов:
Вовед / Што е љубов?
/ Моќта на љубовта / Условна љубов |
|
Влез / Факти
/ Идеи / Вести
/ Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian (c) СФСМО Македонија |