SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

Мојот свет и јас

  TTF Kirilica
 

2. ЈАС И МОЈОТ СОСЕД - мото за подобар живот

Пред повеќе илјади години, насекаде во светот, луѓето започнале да создаваат најразлични представи за правичноста и најразлични правила на однесување. И ние обично користиме некоја парола, некое мото, со која ја изразуваме или сумираме сопствената перспектива во животот. Тоа може да биде "Каде има сила, таму нема правда", или "Брат за брат, сирење за пари" или "Чесноста е најдобрата полиса" или "Кој по тебе со камен, ти по него со леб"...

 

Денес е возможно да се види како се создала етиката и на кој начин успеала да се прошири низ историјата, со што создала пат за развиток на цивилизацијата.

Закон на џунглата

Суштината на ова начело е многу едноставна. Ако ми ја украдеш кокошката, јас ќе ти ја украдам кравата. Ако го убиеш мојот роб, јас ќе го убијам твојот син. Ако ме повредиш, јас ќе ти го скршам носот. Ние размислуваме: како да успееме побрзо, како да бидеме пред другите луѓе? Ваквиот начин на одмазда, многу лесно избива надвор од нашата контрола и започнува една верижна реакција на постојано враќање "мило за драго", која може да трае со генерации. Вербалните навреди ескалираат до највисок степен и ние започнуваме да возвраќаме со насилство.

Ова се корените на злогласните крвави расправии помеѓу семејствата и нациите кои изгледа дека никогаш нема да завршат. Овие ескалации се мотивирани делумно од желбата за одмазда, а делумно и од желбата на противникот да му се одржи една добра лекција. Но сепак, овој вид на лекции никогаш не успеваат да го решат постоечкиот проблем.

Иако ние велиме дека ова начело било закон на џунглата, всушност многу луѓе, и ден - денес, сеуште го следат и почитуваат. Народите кои се во војна многу често се обидуваат да ги застрашат или да ги казнат своите непријатели со масовна ескалација на насилство. Каков тип на општество може да се развие таму каде што законот на џунглата е водечко начело на неговите членови?

Око за око...

Едно од најнапредните легални начела на античкиот свет било втемелено од Хамураби, крал на Вавилон 1800 година п.н.е. Тоа било базирано врз принципот "Око за око, заб за заб". Иако ова може нам да ни изгледа примитивно, ние можеме да ги најдеме истите принципи изразени преку многу познатите пароли како "Фифти - фифти" или "Сега сме квит".

Ова претставувало голем чекор нанапред на скалилото на правдата во однос на законот на џунглата. Наместо да му ги искршиш сите заби на својот непријател, ти му кршиш само еден. Ние би биле среќни кога некои луѓе во нашето општество би биле толку напредни во своите размислувања како Хамураби.

Законикот на Хамураби го претставувал државниот закон, меѓутоа бил различно применуван врз луѓето, во зависност од тоа на која општествена класа и припаѓал престапникот:"Ако некој благородник му извади око на некој аристократ, тој ќе мора да плати со своето око. Но, ако му извади око на некој обичен човек, тој ќе треба да плати една мина сребро."

 
   

Златно правило

Етичките системи кои се развиле во поглавните религии, вклучувајќи ги Христијанството и доцното Еврејство, се базирани врз идеата на реципроцитет, според која ние треба да сочуствуваме со другите луѓе, да се трудиме да ги видиме нештата преку очите на другите луѓе. Постојат две главни варијанти на ова правило, често наречено "Златно Правило".

Во петтиот век п.н.е., Конфучие бил запрашан: "Дали постои некој збор кој може да ни биде водечки принцип во нашиот живот?" Тогаш Конфучие одговорил:"Можеби тоа е зборот реципроцитет - никогаш не им го прави на другите она што не сакаш тие да ти го прават на тебе".

Да го разгледаме тоа на овој начин: "Да претпоставиме дека таа друга личност сум јас? Како јас би се чувствувал?" Ние не ги повредуваме другите бидејќи ја чувствуваме нивната болка како да е наша. Кога ќе видиме некого кој страда, ние сме трогнати бидејќи знаеме како би се чувствувале ние на негово место, и затоа можеме да си претпоставиме како се чувствува тој страдалник. Затоа, ако не сакаш да бидеш удрен, немој ни ти да удираш, ако не сакаш да бидеш повреден, немој ни ти да ги повредуваш другите.

Исус Христос, сметал дека овој етички принцип бил многу пасивен, па затоа наместо него тој предложил:"Однесувај се кон другите онака, како што би сакал тие да се однесуваат кон тебе." На овој начин, ние активно им помагаме на оние луѓе кои имаат потреба од помош бидејќи ние сфаќаме дека ако бидеме ние во таква ситуација како нив, сигурно би сакале да ни се помогне. Ние ги сослушуваме другите луѓе бидејќи и ние би сакале да бидеме сослушани. Ги почитуваме другите бидејќи и ние би сакале да бидем почитувани. Ние ги сакаме нашите соседи како што се сакаме самите себе си.

Тој не подучува да ги сакаме не само нашите соседи, туку и нашите непријатели. Но, многу мал број на луѓе се способни да се придржуваат кон тоа правило затоа што тоа им изгледа многу нереално и неприродно. Мал број на индивидуи кои го применувале тоа во практика, во историјата се запаметени како светци, а има и луѓе, како Абрахам Линколн, кои успеале со вакво однесување, своите непријатели да ги претворат во свои најголеми пријатели. Иако, за многумина од нас, ова мерило на љубовта е многу идеалистичко, сепак е добро да се знае дека со негова помош луѓето можат да го променат своето негативно однесување.

Каде се наоѓате вие на оваа вага на праведноста? Како реагирате кога ќе ви се нанесе некакво зло? Дали начинот на кој чувствуваме и се однесуваме зависи само од нас или пак е определен од другите?

На пример, кога ќе кажеме"Тој ме излудува", сметаме дека ние не сме одговорни за нашите емоции и за нашето однесување. Ние тврдиме дека нашето однесување и емоциите зависат исклучително од нашата околина и од нашата позадина, па поради тоа ние никогаш нема да можеме да бидеме поинакви, не можеме да се менуваме. Другите луѓе се тие кои не прават среќни, тажни или лути и огорчени, затоа за нашето лошо расположение вината треба да ја превземат другите луѓе. Ако на овој начин мислиме и говориме за себе и за своето однесување, тогаш ние тврдиме дека ние не сме навистина слободна личност, туку сме роб на дадените околности, на нашите емоции и импулси.

Единствена алтернатива е да сфатиме дека ние самите сме одговорни за она што сме и за начинот на кој реагираме и делуваме во нашата околина. Доколку сме способни да ги контролираме нашите емоции, ние ќе бидеме во состојба да одлучуваме како и на кој начин ќе реагираме во дадена ситуација, затоа што самите ќе одлучуваме како и во колкава мера, нашата околина ќе делува врз нас. Сите ние би требало да созрееме за да можеме да си создадеме слобода во изборот на одлучување како да се однесуваме и како да реагираме, базирана врз вредности и принципи. Само на тој начин ќа го зачуваме нашиот интегритет и нашата слобода.

Би било добро да размислиме врз кои вредности или начела се базирани нашите врски и односи со најблиските. На тој начин можеби ќе можеме да ги издигнеме на повисоко ниво односите со другите луѓе и ќе престанеме да бидеме жртви во секоја дадена ситуација, со што ќе успееме да креираме подобар живот.

За твојот дневник

  • Кое е твоето мото во животот?
  • Дали со своето однесување ти си жртва или можеби господар во една дадена ситуација?
  • Во која категорија спаѓаат твоите морални одлуки?

Вовед / Закон на џунглата / Око за око / Златно правило
За твојот дневник

1. дел: Љубов / 3. дел: Група

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња