SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

Да бидеме благодарни

  TTF Kirilica
 

...Дали некогаш сте размислувале што би сакале да бидете ако сте можеле да го планирате вашето раѓање? ... и покрај тоа што се би излегло според вашите очекувања, дали тоа би можело да ви пружи задоволство за подолго време?

...Треба да знаете дека некој бил среќен затоа што секој дел од вашето тело е таков каков што е. Вашата мајка била првата која навистина се радувала на начинот на кој вие функционирате. А што е со вашиот татко? Вашата мајка била толку среќна откако се осигурала дека се е во ред, така што кога го видел нејзиното олеснување вашиот татко бил исто толку среќен.

 

Сан Мјанг Мун
18-ти Јуни 1978
Лондон

Целиот говор

...Ако го одржувате вашиот дух убав, тогаш и вашето лице и тело ќе се подобруваат, станувајќи се поубави и поубави.

...Ако не ви се допаѓа како изгледате, посакувате ли да можете да го обликувате вашето според некој модел? Се разбира не. Нема две ливчиња од едно цвеќе кои се исти и ако внимателно ги испитате сите стени и камчиња на планината, ќе видите дека сите тие се различни. Тоа е една од убавините на природата и таков е начинот на кој што сте и вие родени.

...Фактот дека сме живи и се изморуваме и ни се приспива е извор на благодарност. Вчера вечер до 4:40 разговарав со еден од постарите членови кој што неодамна пристигна да даде извештај. Воопшто не спиев и кога дојде време за служба само си го измив лицето и дојдов овде. Иако бев наполно изморен чувствував дека е потребно да зборувам со вас, семејните членови. Понекогаш не е лесно, но и тогаш се чувствувам благодарно. Знаете колку е големо задоволството кога ќе работите многу без одмор и кога конечно ќе најдете шанса да се одморите.

 
   

...Убава девојка може да има насмевка што секому се допаѓа, но дури и да не сте толку убави вашата насмевка има единствена привлечност. Убавата девојка никогаш не може да се насмее на начинот на кој што вие можете. Вие се насмевнувате како што никој друг не се насмевнува и се смеете како што никој друг не се смее.

...Ако не се сакате себеси дали мислите дека некој друг може да ве сака? Никој нема да ве сака ако не се сакате прво вие самите. Личноста која се мрази себеси секој ќе ја мрази. Човек е свој најдобар пријател и ако тој самиот не се сака, тогаш од кого може да очекува да го сака?.

...Нашиот целокупен живот се дели на шест категории: да се оди некаде и да се дојде, да се чувствува добро или да се чувствува лошо, да се заспие навечер и да се разбуди наутро. Нашата задача е како потполно да ги искористиме овие шест категории. Кога тоа би било добро, да се оди на некое место или да се замине од некое место; кога тоа би било добро да се заспие или да се разбуди; и ако се чувствувате добро откако сте се чувствувале лошо, вашето време ќе биде добро потрошено.

..Ако сте многу зафатени и одите некаде но некој ве запре да ве праша за патот, никогаш не мислете дека тоа е измачувачко нешто.Застанете за момент и објаснете му како да отиде до својата цел. Во тој момент вие постоите само за тоа нешто; со такво чувство требате да ја извршите таа служба. Едно нешто е сигурно: со тоа никогаш нема да загубите. Многу добивки ќе резултира од таквиот вид ситуација и таквото држење. Никогаш нема да загубите бидејќи тоа е природата на универзумот.

...Можете да го проверите ова практикувајќи го за една недела, обидувајќи се секогаш да бидете благодарни и среќни колку што можете повеќе. Тогаш на крајот на неделата молете му се на Бог за било што. Ќе чувствувате дека вашата молитва ќе дојде послободно и ќе биде одговорена веднаш. Тоа ќе биде како да ги гледате сончевите зраци. Ако пак се чувствувате многу несреќни внатре, како да имате облак над вашиот ум, тогаш на крајот на неделата кога ќе му се молите на Небото ќе чувствувте тешко чувство и ќе знаете дека вашата молитва не работи добро.

Ако овие делови ви се допаднаа, прочитајте го целиот говор.

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња