|
Семејна федерација за светски мир и обединување Мајски цвет |
|||
TTF Kirilica | ||||
За време на првомајските празници '97, во одмаралиштето Мајски цвет во Струга, се одржа семинар за Обединувачкиот принцип и Вистински семејни вредности. |
Деновите поминаа прекрасно, исполнети со душевен мир... |
Ова другарување беше навистина драгоцено искуство за сите. Во програмата беа вклучени предавања и дискусии за односот на науката и религијата и за проблемите на СИДА, наркоманија, развод и слично. Решенијата за тие проблеми се во остварувањето и негувањето на вистинските семејни вредности. Знаејќи дека токму семејството е основна клетка на секое општество, тие претставуваат решение и за многу други актуелни проблеми. |
|
...Ова за мене е посебно чувство на задоволство кое со зборови не би се опишало. Деновите поминаа прекрасно, исполнети со душевен мир, дружење, ширење на пријателството, верба и љубов спрема Бога, твоите блиски и продлабочување на љубовта спрема сите луѓе во светот... (Кате) ...Целокупното однесување, дух и ведрина на младите беа за секоја почит. Накратко, среќна би била ако и моите деца и внуци би можеле да го следат нивниот пат. Ви благодарам за убавото и племенито дружење... (Ана) ...Треба да се залагаме за поголема грижа спрема децата, во смисла на поттикнување на нивните способности ... и да им се помогне да не земаат алкохол, дрога, цигари и други работи кои го спречуваат детето во неговиот развој... (Емил) |
|
Влез / Факти
/ Идеи / Вести
/ Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian (c) СФСМО Македонија |